Радникот беше тој со повисок полициски чин кај кој ме однесоа во зградата во МВР, откако претходно бев држан во Кочани и тој ми рече дека мора да ја потпишам веќе подготвената изјава за убиството и пред судот да го кажам тоа што го пишува на листот, рече Хаки Азири на денешното судење за Монструм, додека беше испрашуван од обвинителката Фатиме Фетаи.

Фетаи му посочи слика на својот мобилен телефон од Радникот, односно од Љупчо Тодоровски поранешниот дитректор на БЈБ, а обвинетиот потврди дека тој е таа личност, додавајќи дека тој е човекот што му рекол дека сите судии и обвинители се нивни, па затоа мора да се придржува до напишаната изјава.

Азири упорно се држи до тезата дека полицијата му ја спремила изјавата, која тој ја даде за време на истрагата, односно кога посведочи за тоа како се случило петкратното убиство.