Македонија ти е технички цело време во нато, од распад на сфрј. И така не бранат или напаѓаат по потреба, без наше мислење или желба. Исто ни се фаќа. Нејсе, придобивката се пари и стабилна економија.

Македонија и припаѓа на Европа, и културолошки и географски. Без Македонија не би била европа тоа што е. Од поодмнечка историја. Може да дебатираме на таа тема колку сакате, апсловирани ми се многу догми, и си имам некое мое мислење. Ние сме (ко што би рекол еден другар) к’не сорта. Поради тоа сме опстоиле со векови, но и поради тоа очите си ги вадиме. Тоа е таа проткаена днк , и со танталови маки се менува. Нејсе, пак придобивката за членување во модерна економска унија се пари и стабилна економија.

Да вулгаризирам, народски, нас не гледаат како гладно уличарче, мрсулаво и олошено. Од фино дете, пораснавме во уличар. И според манири, и според стручност. Од супер надежна економија и регионална сила, станавме шибицари. Ние ниту своите пари незнаеме да си ги потрошиме како треба, а не пак нивните, што толку сега ни требаат. Не сме свесни што све треба да се ресетира и постави како стандард во сите области. И тоа само во државниот распаднат апаратус, а не пак кај народот.

Е тој ресет, поради вакви ко нас, сега си има цена. А тоа е дрвењето цело време од таа унија, и играње пипиревка сега. Таа технички ни го запишала, за да полесно го сватиме и разбереме. Е тие се тие фамозни поглавја, од 1 до 101, процедури. Почитување бре на закони. Нема местење шибицарски тефтерче судии. За 500 еур апелациски судија преименува одлука. Без разлика на тежината. Нема ситен и крупен криминал, све е криминал. Пошто ако можеме да слушаме и гледаме апашлук при здрав разум, демек не знаеме што тоа значи. Дека за тоа не се лежи во затвор? А? Па све помалце тоа се спроведувало, не ни одговарало. А не дека не сме знаеле. И сега? Е сега ќе мора, пипиревката е запишана во поглавје.

Оваа можност е ретка прилика да се санираат многу трули темели, све е полу скапано. Треба храброст и муда за одлуки, како и истрајност и трпеливост. Правиот пат е само еден, а народот после неколку години ќе го почувствува. Јбг тој секогаш последен дознава. Се надевам за позитивни времиња за сите нас.

Герасим Андоновски