До крајот на сезоната ВАР судиите во дерби натпреварите во Суперлигата на Турција ќе бидат странци, одлучи Фудбалскиот сојуз на Турција.

Во Суперлигата ќе бидат ангажирани судии од Италија, Шпанија, Германија, Холандија и Португалија.

Одлуката е донесена откако, Фудбалскиот сојуз на Турција го регистриаше со службен резултат 3:0 натпреварот од Суперкупот, Галатасарај – Фенербахче.

Фенербахче го исполни ветувањето и ја испрати младинска екипа на натпреварот одигран на 7 април во Урфа во знак на протест против работата на Фудбалскиот сојуз.

Галатасарај поведе по 50 секунди, а младинците на Фенербахче веднаш „по наредба“ го напуштија теренот.

Фенербахче е казнет со 150.000 евра поради напуштање на теренот, што е десет отсто од наградата од 1,5 милиони евра за учество во Суперкупот

Галатасарај со освојувањето на Суперкупот заработи два милиони евра.