Клиничката болница „Аџибадем Систина“ сo свои активности се приклучи кон глобалното хуманитарно движење Pay It Forward. Како дел од овие активности, во четврток и во петок, ќе се доделат 100 бесплатни прегледи, по случаен избор, за пациенти кои што во овие два дена ќе ја посетат Аџибадем Систина.

Во движењето Pay It Forward ќе се вклучат и сите вработени во „Аџибадем Систина“, кои што ќе бидат мотивирани да придонесат за ширење на позитивна енергија и правењето на едно или повеќе добри дела еден на друг.

Движењето Pay It Forward својата завршна активност ќе ја одржи во Скопје, во Градскиот парк, кај „Школка“, во сабота со почеток од 10.30 часот. За време на настанот, сите присутни кај „Школка“ ќе можат да се обратат до пултот на „Аџибадем Систина“ од каде што ќе можат да се информираат за сите здравствени услуги од нивен интерес.