Глупост невидена е да се казнува некој во Македонија што до 12.ти овој месец не сменил лична карта или возачка дозвола заради името Северна Македонија.

Тоа не се случува заради грешка или неодговорност на граѓаните и ако има таков закон мора итно да се смени.
Во спротивно може да и случи на власта граѓански отпор и непослушност односно масовно неплаќање на такви казни. Што ќе прави таа во таков случај. Ќе ги праќа неплаќачите во затвор?

Треба да се домислуваат работите.
Во спротивно некој ќе праша: Како е можно да гласаме со стари лични карти на следните избори а не можеме да возиме низ земјава со старите возачки дозволи? Кога услов за гласање би биле само документи со Северна Македонија партиите би трчале и би плаќале да им обезбедат такви документи на граѓаните.
Но вака се безбедни и се е на трошок на граѓаните дури треба да платат по 30 евра за патен лист што ќе им го издаваат амбасадите за да се вратат во земјава.

Како и да е. Овој гнев што со хаосот околу менувањето на документите се создава ќе влијае многу лошо врз изборните резултати пред се на СДСМ.

 

Пишува: Ѓорѓи Спасов