Станувам вчера накај 08:30 пијам кафица и ѕвонам на Мануела ме собира накај 9:45 у 10 почнуваме со обуки у офис. Тераме натака од 10:00 до 13:00 иаме обука, предавање-коучинг завршуваме и као ќе тераме целодневна или ? Дуваше нешо надвор облечени лабаво нејадени и као ај тераме до дома на ручек да дремнеме саат време па вечер може на пијачка до Three. Стигам дома ручам и глеам неам тикет. Сабота ко сабота директ у кладиона цел ден фудбал има. Си праам план у глава у Three со пијачка не знам да пројдам ( после тоа ќе се заглаи негде гарант) па си праам light варијанта. И вртам на Манчи ја фаќам кај другаров у локал на пиво организирај се ако идеш у Three ако не бујрум на пивце. Палам патиките натака ( читај бусот ) у џеб глеам буџет 500че и 200 отишле у тикетче и идам да се лабавам 5 пивца од 18:00 до 21:00 и домче директ. Стигам внатре фул. Глеам кај да фатам позиција. На прва маса у чело двајца локалци едниот вработен као ај се поздравувам тука и глеам од другата маса у ќош ме викаат. Шестак братот со девојка му Јелена. Не сум ги видел од летото од Бек-Јард коа испозаглаивме два дена. Ме викаат седи. Седнувам и као шо има еве викам некое пивце лабаво. Вие ? Па еве да видиме местото видовме на стори на фб стааш ти уште некој па да видиме шо како. Дојдовме у 12 и еве цепаме по 6-7 џин тоника мезнавме нешо и доста е ќе бегаме. Вртиме пар муабети шо како им кажувам шо почнав нова работа ајде бујрум викам има место за соработка. Договараме за утре мислејќи понедељак е. На соседната маса ете ја Емили диџејката. Идам се поздраивме шо има како ајде седи ќе пиеме. Другаров со цурава веќе имаа викнато сметка се видовме блиц договоривме за утре дружба. Стануваат бегаат се пребацувам кај Емили на маса. Седи со една слатка цура и еден интересен лик. Се упознаам со нив и они веќе запиени целодневна. Фаќаме некоја тема се смееме чекај јас да ти кажам не чекај јас да ти кажам и тера вечерта. Ете ме мене на 4то пиво веќе. Типов стануе до банкомат иде зима цигари се враќа и вика тура. Иде турата вика уште една. Ја у џеб 500че а веќе 4 пива чекаат за наплата. Му пишувам на другаров-газдава порака ( види у сликата на постот ) и нормално чекам да ми одобри тура да пуштам ко што е ред и да ја завршиме вечерта.

Е сеа ДРУГАРОВ !!! што е поттик за целиов текст и за малку градски бонтон меѓу угостителите и другарството низ скопскиов асфалт и локаливе.

Другаров го упознавам 2017 декември по препорака на Петар Џуси-Бар. Теравме со Петар у Клуб 43 кај Томе Корнер. Беше он као менаџер подршка допуна со некоја маса и доста помлади девојки. Завршува причава кај Томе многу брзо ама и со френдли однос и као ми вика ај да те упознаам со едно другарче работи шеф у еден кафич и им треба менаџер. Идам јас сам се упознаам. Ме упознавам со еден од газдите а главниот газда нормално го знаев. Договараме соработка и почнуеме. Седиме праиме муабет околу работа фрламе по некоја продужуеме. Муабети ко да се знаеме 100 години. Од дента навака стануеме другари ( читај другари ). Кај мене луѓето се делат на познаници, пријатели и другари. Једини што ми станал другар преку вечер е Срџан шо теравме заедно Колосеум сеа веќе доста години е Белград и Љубљана али сите го знаат и знаат какво другарство иаме што упалило преќу ноќ и ќе остане така. И као у тек на дружбава кажувам по сите го преставувам као ете може да се деси другарство преку ноќ и као ми е битен. За новиов деугар зборам. Сите што ме знаат мене и него знаат дека бевме ко петок и сабота. Месеци дружби, неспиени ноќи, главења и да не редам што све не. Што е мое твое е и обратно. Мојата прича таму трае краткоу локалов кај шо теравме заедно.

Си останува он таму јас фаќам у Лофт у мај 2019 а кај нив у локал причата иде у најнагорна линија.

Ја терам мојата прича у Лофт он неговата кај шо работи али многу ноќи не спајаат, многу веќе заеднички пријатели. Многу кафани радости викенди ваму таму журки и све све. Дури имаше период спиев кај него 4-5 месеци од што све ни било заедничко. За дружбава да ја опишам можам книга да напишам.

Е сеа вака !!!!

Понеделникот идам кај него у локал после работа накај 18:00 со една пријателка. Пиеме по 4-5 пива од чоек. Мезиме 3 порции главно мезе, испивме 10 пива, ај по едно текилче и крај 21:00. Плаќаме сметка и палиме. Утредента идам сам. Пијам 7 пивца( едно почастен од него ) пред идење накај дома збориме нешо за виски. у мене 10 еура и 500 денари. 10 еура идат на пивцата 250 денари за Чивасот пред идење и остали за такси. Со 250 ден у џеб зиам цигарчиња и 150 ден да јадам викам не даам за такси и ќе јадам у Тетекс и дома. Фаќам бус да иам за јадење. Не дека некад сум платил у Тетекс ама нека има у џеб. Се дешава вчера и се дешава ситуацијата што е горе кажана и у пораката. И седам и така се разочарувам. У 3 доаѓања неделава у локалот и потрошени 3700 денари доаѓам у ситуација да ме одбие за 300 ДЕНАРИИИИИИИ.

У набавна се 100 ДЕНАРИИИИИИИ.

ДРУГАРОТТТТТТТТТТ !!!!

Невработен сум 13 месеци у една недела ти идам 3 пати и трошам време на база на почитување и другарство, 60 еура, стаање стори постови, луѓе гледаат прашуваат шо е кај е што е итн. Знам јас мене кој ме прати и на секоја објава колку прашања пораки имам. Не е битно ни тоа. ДРУГАРСТВОТО замислено у мојата глава.

300 факинг денари !!! Кај шо седнав на масата останаа луѓето дека се запивме и тргна муабетот и дружбата. До кога до денес ? Па јас кај и да се пишам не го праам она скопското педерското па да не идам таму. Баш јас ако дужам негде и да неам да вратам идам пак на истото место и таму трошам и не си дозволувам да си помислат еве го дужи не доаѓа иде на друго место троши.

300 денари ебани шо ќе се потрошат кај тебе и ќе си го земеш и ќјарот и ќе си ги добиеш !!!

Не ни барам почастен да бидам.

У недела дена у 3 идења едно пиво почастен на 60 еура сметка. Попуст немало за никој само може да се почасти. Попустот навика на скопјани ама они ќе го изменеле тоа. Ок и тоа го ценам. Е сеа доаѓаме до прашање. Зашто би идел јас или остали кај тебе ? Различно е пивото, вискито или столчето од дабово дрво или обично ? Па сегде се исти пијачките па и цените горе доле. Си отворил локал добиваш подршка секојдневна у ова тешко време од сите док си на почеток у ова време невреме. Не го цениш времето потрошено на луѓето кај тебе. другарството, парите потрошени за кои пари си отворил да заработиш.

На отварање доаѓам со едно скромно вино и нагласувам толку е буџетот не сум вработен јебига се сфаќаме ваљда и на крај добивам сепак некоја симболична сметка за моите 7-8 пива испиени али бар плати нешо. Од тогаш па до вчера уште две скопски ѕидарски почастен и толку !!!!! Од коа стана газда и другарството се смени. Док беше шеф ваму пиење пива ама ефтини беа и по набавна а и беше дозволено да се части макар за секоја остала појачка се плакало и колку флаши платени. У Лофт коа доаѓаше Чивас научи да пиеш ама гага беше. Дојди со екипа плати една флаша другата од Пано а Пано као ќе ја оправда дали ќе ја пише у расход па конфликт или по набавна ќе ја плати или ќе си скрати од неделниот расход он си знае. Да не редам милион ситуации. Задња идеме у Охрид у 21:00 стигнавме у 01:00 веќе имав потрошено 32.000 денари али небитно све заборааме.

И доста за тебе малку да ти каже Пано скопски бонтон меѓу угостителите и градските газди, менаџери и шефови као иде.

Не знам од кај да почнам ама ќе почнам да ти кажам како се гради почитување меѓу сите по градот.

У време на Колосеум немаше инстаграм и фб и праиш евенти.

Идеш низ цел град со сите газди, менаџери и шефови си праи однос и соработка. Остааш плакати у локалите остааш 10-20 гратиси за журка која од 300-500 ден е влез и док си кај секој ти вика седи ќе попиеме по една знае дека ќе пуштиш добар муабет за него а и вечерта ќе дојде со екипата ќе попијат ќе се изнажуркаат ќе добијат тура или попуст и фала на соработка. И така секој ден. Дури и со конкуренција клубовите секој со секого стоевме добро и секој еден ден у неделата идеше кај некој у клуб. Идеш кај Мачки у Сектор или епицентар. Влези со кој и да си. Шо напраи бе поише од мене расход имаш али се тоа се враќа на друга страна. Идеш кај Митко и Цветко ако не се они таму ете ги Чомбе, Јоцо или Мачка. Ај да фрлиме по некоја. Идеш кај Пеџа у Парадизо и не си платил никад. Али Пеџа кај и да дојдем никад не сум дал да плати. Ќе ги почасти 10 луѓе ќе плати за тоа ама неговите пијачки кај мене. Идам прошлата саботата негде да седнам у дебар маало и нормално кај Пеџа и Коле у Шпајз ќе седнам. Мои ментори за градот. Зашо кај друг да трошам. Нема столче слободно. Шевицата вика седи на коњопој док ти најдам маса. Попиј те по една од ќуќа док стане некој. Наоѓа маса седнуваме а веќе стигнала гура од Пеџа а Пеџа на планина скија.Кај Јохан у сокаче тура попуст 20че увек. Кај Томе Корнер сметка не сум видел у Корнер ли у 43ка ли или сеа у Работнички си плаќаме ама 20ка попуст и тура секад ! У Бек Јард кај Митевски и Вања ја утепавме цела година уз Коронава. 4 години уназад коа и да сум идел сам немало сметка. Оваа цела година имало сметка колку иам да платам све остало кај нив па и ако треба пиши плус ако ти се пие па ќе платиш коа имаш. Пола пивара ја испивме со Бушавиот. Ама некој ја сфаќа онаа теза. Мора да имаш 10-15 луѓе секојдневно што ќе ти се темел у локалот макар и на позитивна нула си со нив ама бар секад ќе има луѓе. Пак кај Митко у Хавана плати 3 попиј 7-8. У Кино Карпош идеш на шанк ако пиеш доза пијачка знаеш 0.6 добиваш и на секоја 3та една од шанкерот ама таква е политиката на Шале и затоа тера толку години. Иако он лично не почастил ама шефовите редовно ако шанкерот не те знае. Кај Ален у Миднајт на 5 идења еднаш сметка. Кај Никац у ДИОН 🙈 па цела книга можам да напишам. Дечко сп такво поштовање нит сум сретнал нит мислам ќе има. У време и Зеко коа беше менаџер и шеф беше само дојди ќе праиме галама ќе се дружиме кафаната си плови гази а Пано

дали попил 6 или 10 сеисто е. Галамата градска за локалот е побитна. Никац чувај маса доѓам. Никац 150 резервации вечерта. Му потребал Пано коа знаеш цел магацин пијачки ќе продаде. Брат со девојки сум слаб сум. Терај една флаша од мене ако сакаш и Моет викни. Брат со девојки сум има нешо пара. Плати по набавна една Чивас. Брат со екипа сум пиеме 3 флаши плаќаме. Еве ти една од мене гратис и 20%. Идеш у Станица 26 список за цела екипа, 20% коа немаш ќе донесеш утре дури и шанкер келнер ти дава не иде подалеку. У Три идеш Џале, Денвер или Маци обавезно тура. Идам у Скопски Мерак 10 години може. Коа имаш плаќаш, коа немаш утре ама знаат пак таму идам. Тони газдава вика 15.000 на музика сте дале сметка имате 8000 и попуст 20% а не сте платиле се а музиката ја накитивте. И така можам да редам до утре шо како низ градот. Кај пиже кај Мајка ти и Татко ти книга роман можам да напишам. Идеш трошиш кај сите и коа не си у твоја база кај шо работиш носиш луѓе почитуваш и све се враќа.

Скопје има 10.000 локали и секој му е борба како да донесе народ и да работи фул. Секој потег се цени.

Не е поентава кој колку дал и што зашто не зборам јас што сум давал или што сум праел за локаливе на мои пријатели. Тоа сите добро знаат.

 

Тоа е тоа почитување, другарство и лојалност кон сите угостители пријатели газди шефови итн.

 

Така другар мој мислам ја сфати поентата после текстов. Некој ќе ме осуди зашто ова јавно. Ова е бонтон а ние сме дел од градот.

Може никад не сум бил газда ама пола Скопје го иам почастено на некој начин. Дали со галама за нивниот локал, дали со присуство, дали со трошење пари и носење луѓе итн итн.

Сите ми пракале резервации кај што сум менаџирал и на сите сум им пракал. Така ние се почитуваме у Скопје и така ќе остане.

Скопје какво такво за нас најдобро и дружбите ќе останат ама лојалноста и другарството треба да е обострано. Најлошо е ако те удри у глава славата или газдата у тебе.

Секој инвестирал и сака да врати и заработи ама не се гради тоа туку така.

И така другарче сеа веќе само познаник. Се најбоље и многу години успешна работа и да си дочекаш локал за 500 луѓе.

Чирс 🍻 Жив здрав 🙏🍀❤️

 

Така пријателе за 300 ДЕНАРИ !!!

 

Многу си напраил за мене ама и јас многу за тебе. Увек бев јас лошиот глупиот или негативецот а ти беше тој на место и со тоа се слагам ама на шанк се запознавме не у библиотека и сите иаме пепел вечер ама ова со 300 денари ништо не оправдува па и секоја моја грешка кон тебе а и ти си имал доста кон мене ама требаше да сконта коа ми се успа на роденден и не дојде дека нешо не е ок.

Се надевам оваа порака ќе те научи за понатаму и сите учат.

Не спиев од мака вела вечер коа ќе се разочараш од човек што имаш доверба а ниедна љубав од цура вака не ме повредила. Поздрав извинето !!!

Знам да простувам ама не заборавам.

Големината на човекот е да простува.

 

ФБ статус на Пане Христополус