Цветан Трупуновски и “сакам да бидам министер за земјоделие кога ќе дојде оној мојон”, дојде во Кавадарци и предвидливо, на КТВ изјавува: не чини ова, не бива од тоа, нема ништо од исплата на грозјето… Ниту збор што тие ќе понудат, ниту збор за тоа како ќе го враќаат земојделието од таканаречената “невидена тригодишна криза”.

Да ги потсетиме епигоните на Мицкоски:

1.) “Повардарие” и “Стефани” кои тие ги упропастија, владата на Заев долговите во целост им ги исплати;
2.) Субвенциите од 2017 до денес за 20% се покачени;
3.) Зелената нафта се субвенционираше со 30%, а од 2020 година ќе биде 50% субвенционирана;
4.) Сите винарски визби во законски рок се исплатени;
5.) Раскинати се сите договори за лажни земјоделци од типот ала Миленко Неделковски, го знаете, де, оној со одвратните локни;
6.) Млади луѓе до 29 години ослободени во првите пет години од концесија (или закупнина) и 10.000 евра неповратни сретства за 674 – или 26 млади луѓе само во Кавадарци;
7.) За 2019-2020 година млади земјоделци ќе добијат неповратни сретства во износ од 20 илјади евра.

Тоа е, драги пријатели, во кратки црти приказната со земјоделието во Кавадарци, а Трипуновски, очигледно, појма си нема од животот што зборува пред камера.

Единствена енигма од прилогот на КТВ ми останаа другите двајцата со маски кои стоеја до Трипуновски. Ми личеа како статисти, а знаете и сами, статисти у филмови први ги отепуат.

 

Пишува: Ненад Јовановиќ