Терористички напад во близина на Schwedenplatz во Виена. Според информациите до кои дојде австрискиот портал “Krone”, еден полицаец загина од здобиените повреди и напаѓачот се уби сам.

Според информациите, останатите напаѓачи се во бегство. Полицијата побара од граѓаните да избегнуваат движење. Првите извештаи велат дека има повеќе повредени и загинати, а има и заложници на улица ” Mariahilfer”.

Австриските медиуми наведуваат дека еден напаѓач активирал бомба, а други се во бегство.

Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелираше до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите станови или куќи.

Австриските медиуми пишуваат дека станува збор за терористички напад, иако полицијата официјално не го потврдила тоа.