Многумина од нас се прашуваат каде се и што работат нашите естрадни уметници во овие тешки времиња кога не смее да се организираат настапи со жива музика свадби и други свечености.

Шило Магазин ја исконтактира добро познатата фолкерка Елена Јовческа, дознаваме каде е, со што се занимава и како се справува со оваа глобална криза или со новото зло кое го зафати целиот свет.

Во телефонскиот разговор Елена ни откри дека моментално живее во Скопје и е вработена во добро позната фирма МБД Груп која е опшествено одговорна компанија која се занимава со монтажа и изработка на ПВЦ прозори, врати и продажба на овошна ракија, а исто така МБД Груп е и спонзор и на РК Бутел.

За тие што не знаат нашата фолкерка е Дипломиран Економист и моментално работи како менаџер на истата компанија благодарение на нејзиното познавање и во оваа област.

Елена на кратко ни одговори како и останатите нејзини колеги дека пеењето и е во прв план, без разлика на тоа што таа е дипломиран економист музиката била и ќе и биде на прво место и никогаш нема да се откаже од тоа да ја негува нашата народна музика.