Пендаров вели дека Заев бил неспособен, што значи дека се обидуваат на секој начин да го дискредитираат и омаловажат. Да ги потсетиме прво дека заврши маестрални договори кои денес и официјална Америка – преку амбасадорката Брнз – му ги честита помирувачките билатерални договори, притоа му ги афирмира јавно и му ги признава директно и отворено без заддршка. Второ, “неспособноста на Заев” мене ми кажува дека тие немаат ништо за него скандалозно, а под скандалозно се подразбира тоа дали Заев направил нешто штетно и лошо за граѓаните?

На ниво е на задачата: ги унапредува државните и националните интереси, дели плати, се обидува да санира штети од короната и не е насилник. Заев е се’ обратно од тоа што ни го најавува тажната и дезориентирана опозиција кога ќе дојде на власт.

Пендаров кога ќе дискредитира, најдобро е да почне од сопствениот двор. Прво треба да се погледа човек себе, а потоа другите.

 

Пишува: Ненад Јовановиќ