За Зоран Заев треба сите да дадеме концесија: правна, граѓанска и човечка. На интервјуто за “Клик Плус” одговара разумно, пристојно, со уважување за сите, вклучително и’ за опозицијата. Не е авторитарен, не е опсесивен, не е злонамерен. Да не’ заборавиме, ни ги реши сите билатерални спорови со комшиите, не внесе во НАТО. Да не’ заборавиме, тие спорови не беа негови, туку беа “општествен талог” на сите досегашни влади од независноста до денес.

Натаму, не вели Зоран за себе дека е совршен, не вели ниту дека нема мани, пропусти, лоши решенија. Не вели ниту дека државата е Данска, Норвешка и Шведска, не вели ниту дека ние сме дисциплинирани, совесни и разумни како данците, норвежаните и швеѓаните.

Ни вели да се бориме како држава со сите сили и знаење кое го имаме и поседуваме во моментов. Ни вели да се чуваме едни со други.

 

Ако вам тоа не ви е многу, мене тоа ми е се’. И затоа велам, прв ќе бидам што ќе даде концесија за Зоран да биде предводник на оваа земја во следните четири години. Знам, не е потребно, ниту тоа од мене некој го бара. Само велам, прв ќе бидам што за него ќе даде концесија.

 

Искрено, заслужи човекот!

 

Пишува: Ненад Јовановиќ