Логото на модните брендови е нешто што не можете да го игнорирате, а како што годините одминуваат, така денес според многумина, логото е синоним за статусен симбол.

Меѓутоа, интересно е што логото на брендот секогаш се наоѓа на левата страна на облеката, а исклучок се само брендираните маички кои имаат ознаки по целата површина.

Како што објаснуваат маркетиншките експерти, на тоа место логото е највидливо. Зошто?

Истражувањата покажале дека кога се ракуваме со некого, прво гледаме во неговата лева страна, бидејќи со десната рака човекот го покрива својот десен предел кој доаѓа во ниво со нашите очи.

Кога ќе ги погледнете пак сите портали, нивните имиња и логоа најчесто се наоѓаат во горниот лев агол, а главната причина е тоа што луѓето претежно читаат и пишуваат од лево на десно.

Според друго истражување, заклучено е и дека корисниците најмногу се сеќаваат на зборовите и логоата кои ги виделе на левата страна, отколку на десната.