Прашање бр.1: Зошто Техничкиот министер изјави дека возачките дозволи ќе важат на територијата на Македонија, иако се со старото име?

Одговор: Затоа што во партијата процениле дека тоа ќе има позитивен импакт на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ… Демек, ете, гледате ли дека со нас нема да има никакви проблеми, дури и да не ги менувате дозволите?

Прашање бр. 2: Зошто Техничкиот министер се попишмани? И зошто сега објавува соопштенија по медиумите дека возачките нема да важат?

Одговор: САМО ЗАТОА ШТО сега ‘процениле’ дека првата ‘проценка’ не им била добро ‘проценета’… Односно, гледаат дека народот е гневен кон СДСМ, а не кон ВМРО-ДПМНЕ… Таква шанса не смее да се пропушти!

Сега само уште јас да истакнам два момента и да го кажам мојот личен став за проблемов…

Прво, малку сум гневен на граѓаните што на 6. јануари прашуваат дали треба да почнат да го ранат прасето за Божиќ (7. јануари)… Одамна беше кажано дека документите ќе се менуваат, ама ‘народот наш си спие на уво’!

Второ, малку сум гневен и на тие што сето ова лошо го осмислиле и организирале… Не можеш да му дадеш некому документ што ќе важи до одреден датум, а после да му ги скратиш рокот на важност… Знаете ли што се прави во Канада во вакви ситуации? На пример, се менуваа регистерските таблички… Од тој момент, почнаа да се издаваат нови регистерски таблички, но важноста и на старите остана… Ги има и такви коишто возат возила со 30-40 години стари таблички…

И конечно, мојот став за во МК…
Државата во вакви ситуации, ако смета дека мора нешто да се менува (на пр. документи), треба да ги сноси сите трошоци… Не може да им се бара пари на граѓаните за нешто за коешто претходно веќе платиле еднаш…

А за важноста на возачките дозволи, мислам дека не е доцна… Барем нека се обидат да направат нешто… Ќе ме радува доколку утре прочитам дека сепак се нашло некое решение!

 

Пишува: Ацо Лукароски