Не им е главен проблем што ќе ги изгубат изборите, тоа го знаат и се свесни, дури можат и да прејдат преку тој факт. Но, во моментов на ДПМНЕ рејтингот им се сроза како никогаш до сега, па така СДСМ-БЕСА и другите партии кои ќе влезат во Владата ќе имаат повеќе од 80 мандати!
И, што им е тука проблемот?
Пред распуштање на Собранието се донесе новиот закон за Јавно Обвинителство со кое предметите од СЈО одат во Јавно Обвинителство за висока корупција и продолжуваат процесите.

Овдека, треба да се навратиме и неколку години назад, па така во 2016 година пред да го распуштат Собранието ВМРО ДПМНЕ го сменија законот за Кривична постапка по нивен терк, па така си овозможија постапките против нив да траат до недоглед, без да одат во притвор, да манипулираат со судскиот систем, да има застаруваат делата.

Од ВМРО ДПМНЕ се свесни доколку СДСМ и коалицијата освојат 80 пратеника, на првото нивно изигрување на судскиот систем, ќе се врати стариот закон за кривична постапка и сите ќе завршат во притвор.

И тоа не е се!!!

Нивниот вистински Претседател Никола Груевски може да ги жртвува без око да му трепне, но му е потребна партијата, без која ќе биде само црна дамка во нашата историја! Имено, за што се работи?!?

Во случаите “Талир 1” и “Талир 2” покрај 14-те обвинети, поднесено е и обвинение од страна на Јавното обвинителство и против правниот субјект, политичката партија ВМРО ДПМНЕ за перење пари и на крај како Злосторничко здружување.

Стигнавме до главниот проблем на Никола Груевски и Христијан Мицкоски: кога ќе стигне правосилна пресуда за овие два случаја Талир 1 и Талир 2, партијата ВМРО-ДПМНЕ како правен субјект ќе се ИЗБРИШЕ од Централниот регистар, односно ќе згасне.
Тогаш ќе останат запаметени, не само по однесените милијарди евра надвор од државата, не само по лажниот патриотизам, не само по уништувањето на нашата татковина, туку ќе бидат запаметени и по уништувањето и на нивната партија!!!
Никогаш повеќе режим!!!

 

Оливер Илиевски