Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, го оствари правото на глас на првиот круг од претседателските избори.

Меџити по гласањето порача дека демократија значи промена преку глас и побара поддршка за претседателскиот кандидат Арбен Таравари поддржан од коалицијата Вреди.

-Денеска е убаво и сончево време. Ова убаво време не повикува да гласаме за позитивниот човек, некорумпираниот доктор, Арбен Таравари. Демократија значи промена преку глас. А промената е во бројот 6, изјави Меџити.