Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула, по изјавата на Трамп дека инјектирање средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во телото може да го убие коронавирусот, направи илустрација како одговор на обраќањето на претседателот на САД.

Претседателот на САД повторно коментираше за лек против ковид-19, но неговите коменатри експертите ги нарекоа „неодговорни и опасни“.

Поточно, Доналд Трамп сугерираше дека инјектирање средство за дезинфекција како што е изопропил алкохол во телото може да го убие коронавирусот, а исто така тој предложил и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци, нешто што лекарот на самата прес-конференција го оспори.