Седам и си мислам , па вистина ли е или јас не размислувам правилно, ние сме имале расадник на мозоци тука веднаш до нас, а не сме биле свесни за тоа, сме имале такви мастермајнди што од правници преку ноќ стануваат џојстик хирурзи и од машинци бравари оп одеднаш светски епидемиолози, па дали е тоа можно или јас сум застанал некаде и заталкал у некоја бед стори прича и не можам да се освестам. Пак продолжувам да мислам, 11 години направија секаде каде што пипнаа швајцарско сирење , 11 години не престанаа да изиграваат мајстори на илузија , 11 години не откорнаа од тортура и сега од еднаш се мастермајнди , кои сакаат да не фати сите не само амнезија а сакаат и склероза да не нападне и алцхајмер и деменција и сега и Ковид само и само да заборавиме на се што направија и на се што оставија зад себе .

Станав се погледнав во огледало да не случајно ми се дешава нешто штом не можам да се соземам и пак продолжувам да мислам, само тие имаат право да оцрнуваат , само тие имаат право да критикуваат , само тие имаат право да колнат , само тие имаат право да се закануваат а најчудно ми е дали тоа навистина се случува или пак навистина немаат мозочни бранови па баш и поради тоа може да им биде простено. Сега сам себе се прашувам , дали ама навистина дали ако екипава била со такви мозочни способности , зашто бе нашава малецка држава не ја направија Швицарска на Балкану, зашто не направија Дубаи на Вардар , зашто не направија економски бум , зошто не направија феноменален здравствен систем, зошто не не внесоа во НАТО, зошто не започнуваа преговори со ЕУ , илјада зошто илјада затоа и мислам дека има уште мала милијарда прашања што не ќе можат да ги одговорат токму поради тоа што мозочните бранови им работаат само ако нема 4Г или 5Г мрежа која е штетна и им предизвикувала секакви болести.

Сеуште плаќаат новинари или се лажам? Измислија термин и начин на лажни вести , измислуваат наместени тендери , измислуваат ноторни лаги за афери , измислуваат журки , измислуваат сеење на паника , не дадоа осврт и пофалба на многуте донации кои се случија во здравствениот систем и сум многу сигурен дека дури и плачеле на секоја направена добрина , значи измислуваат и се креативни мастер мајндови само за зло и за да пак ние лековерните им поверуваме , сега веќе знаеме дека се експерти за повеќе дисциплини , експерти кои се ситат на тоа што пандемијата зема животи , експерти кои дозволуваат и не спречуваат нејзино ширење со еден збор експерти за деструкција . Доста веќе лошо размислувам сакам сега малце опортуно да мислам заради нашата иднина, битката со оваа пандемија трае и ќе потрае токму поради фактот што целиот свет е сеуште во војна со овој респираторен вирус , само за објаснување кон Ковид експертите , мерките кои се предлагаат се мерки на СЗО и тие се општо прифатени не само од нас туку од целиот свет.

Можам слободно да тврдам дека битката не е лесна но ќе биде решена оној момент кога ќе има соодветно лекарство односно лек или вакцина , до тогаш ќе се бориме со се расположливо и се оноа кое може да ни потпомогне за да се спасуваат животи. Случајно како фус нота , само да се навратам кон Ковид експертите дека пошто се толку способни и умни очекувам да искочат на наредната прес конференција пред дебелата кафеава масивна дрвена врата и да кажат дека веќе имаат измислено вакцина ама од оправдани причини нема да ја кажат зашто некој од власта или од комисијата за заразни ќе им ја украде и оп нема да можат да си ја платат кампањата и пак ќе бараат донации а може и кредит, кај ли им отидоа милијардите не ми е јасно? И да можеме сега сите слободно да кажеме дека професионалниот тим на министерот досега не дозволи да имаме болница Борис Трајковски со илјада легла како што ја имаа сите држави , туку со своите прецизни мерки успеаја да ја менаџираат целосната ситуација и да пациентите се лекуваат и во домашни услови. Тоа што го стори комисијата за заразни болести мислам дека е за поздрав , битката со пандемијата за среќа ќе биде успешно добиена ќе победи доброто и нема да идеме у понатамошни размислувања за да не не заболи главата поради фактот дека Ковид експертите од белата кула и дебелата ореова кафеава врата со своите деструктивни размислувања и експертиза дозволија да има контакти и да не се почитува апсолутно ништо е сега ќе се троши здравствената каса , ќе има смртни случаеви само ќе ги замолиме да ги насочат сите да се лекуваат во болницата на нивното другарче за да потрошат некој денар за да имаат за кампањата оти и онака се за жалење. И како секој нормален граѓанин ќе ги следам препораките за држење дистанца , носење маска , одржување на хигиена , дезинфекција на раце и сите препораки од комисијата за заразни и СЗО за да не дај Боже паднам во рацете на овие мастермајндови и Ковид експерти кои имаат толку многу струки и виртуозности во себе ама ја верувам во старата 100 бабици килаво дете , нив изгледа мозокот им дошол од килавење и од таму толку многу ум , јас сепак сакам да сум со еден свесен и бистар ум за да следам препораки од релевантни луѓе.

 

М. М.