Torino, Italy. 26th September 2019. Italian Serie A . Torino Fc vs Ac Milan. Paolo Maldini of Ac Milan.

Верувале или не… еден од најдобрите одбранбени фудбалери во историјата, легендата на Милан и светскиот фудбал Паоло Малдини во текот на богатата кариера побарал дрес од само еден противнички фудбалер.

Изненаден бил и фудбалерот чии дрес го побарал Малдини. Станува збор за Германецот, Дарио Хубнер, најдобриот стрелец во Серија А, Б и Ц, единствен во историјата на италијанскиот фудбал.

„Најпосебно во кариерата ми беше случката со Паоло Малдини, кога играв во Бреша. Пред да излеземе на теренот во тунелот, Паоло се прјде и праша: Дарио, ќе ми го дадеш дресот? Отпрвин мислев дека се шегува ха, ха… Кој можеше да замисли дека голем играч и човек како Паоло Малдини ќе го посака мојот дрес?! Тој всушност ме замоли да ги сменам дресовите, што и го направивме. Е сега дали го задржал или дал на некој друг не знам“, откри Хубнер.