Собраниската комисија за надворешни работи денеска од Министерството за надворешени побарала списи за предлогот за решение на спорот за името што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев – Република Илинденска Македонија, соопшти претседателот на оваа комисија Антонио Милошоски.

Пратеникот, кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изрази надеж дека министерот Никола Димитров ќе ги испочитува пратениците.

Македонија никогаш не била поблиску до решение за спорот со името порача пак денеска премиерот Зоран Заев. Вели земјава има позитивно историски момент да го затвори ова прашање кое 25 години ја држи земјава надвор од вратите на ЕУ и НАТО.

Притоа изрази  оптимизам дека  решението кое ќе го постигнат двете преговарачки страни нема да го загрози идентитетот и достоинството на граѓаните кои живеат во земјава.