Министерот за економија Крешник Бектеши потрошил најмногу пари за угостителски услуги во споредба со сите други министри, покажува алатката на владата за трошоците на јавните функционери.

Над 14 илјади евра тој потрошил за угостителски трошоци – 7.300 евра биле во надворешни угостителски објекти во земјава, 5.100 евра биле во мензи и бифеа во рамки на институтициите, додека 1.500 евра во ресторани во странство.

Втор на листатата на најголеми “трошаџии” во Влада е вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи со потрошени 13.000 евра, а по него и доскорешниот министер за правда Салији кој потрошил 12.000 евра.

Потоа следуваат Министерот за култура, Алаѓозовски со 9.000 евра, а по него со потрошени 7.000 евра е и Љупчо Николовски, Министер за земјоделие.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој според позицијата, е и очекувано најмногу да патува и да се сречава со функцинери од странство, во ресторани во Македонија и надвор од неа потрошил 2.500 евра.

„Најштедливи“ се министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за транспорт и врски Горан Сугарески, кои за овие услуги потрошиле по 500 евра.