Уште еднаш се потврдува дека Христијан Мицкоски едно зборува дома пред граѓаните, друго зборува надвор.

Пратеникот во германскиот Бундестаг, Питер Бајер, вчера изјави дека знае со сигурност дека ДПМНЕ сака измени на Уставот, рече денес членот на ЦО на СДСМ, Горан Трајковски.
А Мицкоски пак зборува сосема спротивно од ова пред македонските граѓани.
Не само Мицкоски туку и целото ДПМНЕ, заедно со Николовски јавно велат дека се против уставните измени.
ДПМНЕ е единствена партија која ги блокира уставните измени и членството во ЕУ во македонското собрание.
Едно кажува Мицкоски пред македонските граѓани, друго кажува надвор во Европа и нема став за клучните прашања.
На Мицкоски воопшто не може да му се верува.