Иванов ништо не разбира

Не се менува Уставот со меѓународен договор, туку со потпишување меѓународен договор за добрососедство и пријателство може да се превземе обврска сами доброволно да си го смениме Уставот ако со тоа и отвораме пат на нашата татковина да стане еднаква меѓу еднаквите и почитувана членка на меѓународната заедница.
Секоја промена на Уставот што и обезбедува на земјата мир, економски прогрес и меѓународно почитување треба да биде заложба и на секој нормален претседател на државата.

Уставот се смени и пред потпишувањето на Времената спогодба со Грција па Македонија не пропадна. Уставот се смени и по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор па ништо драматично не се промени.

Сега Иванов и таквите како него, се за решение на проблемот со името ама без промена на “светиот” ни Устав.
Не. Тие не го бранат Уставот.
Нивните црвени линии ги има одамна испишано Москва.
Тие овде ги бранат нејзините црвени линии кои Македонија ќе ја спречат да стане членка на НАТО и на ЕУ.

Иванов сите изминати години ги бранеше политичкото насилство, криминалот и оддалечувањето на Македонија од НАТО и од ЕУ.
Би било добро од срам веќе да замолчи или да ја напушти функцијата ако сака да и помогне на Македонија.

Проф. Ѓорѓи Спасов