Со тоа што Исмет Рамадани повикувајки се на минатото имплицираше дека сите етнички Македонци биле непријателски настроени кон Етничките Албанци (кои според него веќе не се “Шиптари” туку луѓе кои ја имаат власта), со тоа што изјави најексплицитно дека етничките Македонци ги потценуваат етничките Албанци и со тоа што наменски вади една реплика искажана од еден гостин во телевизијата кој повикал да се “згмечат Албанците”, тој создава атмосфера на нетрпение и разгорува омраза на етничките Албанци кон етничките Македонци.

И не, етничката припадност не смее да биде заштита од било која критика и адут кој се вади при пососчување на криминалните активности на било кого во власта.

Во моментот кога етничките Албанци добија високи функции во власта граѓаните добија право да ги критикуваат и повикуваат на одговорност, не затоа што се етнички Албанци туку затоа што се на такви позиции од кои решаваат за правата на сите граѓани во Македонија.

Дискриминацијата врз етничка основа е недозволлива во едно современо општество, меѓутоа затскривањето на криминалот со повикување на наводна етничка дискриминација е облик на разгорување на нетрпеливост врз етничка основа.

 

Пишува: Мирјана Најчевска