Генерација која одеше на училиште и пеш се враќаше од училиште.

Генерација која сама си ги пишуваше домашните задачи за да можeме што побрзо да излезeме на улица да играме.
Генерација која целото слободно време го поминуваше на улиците.

Генерација која играше криенка кога ќе се стемни.

Генерација која правеше колачи од кал .
Генерација која обожаваше лижавчиња со свирче и лик на петел.

Генерација која со свои раце правеше ланци од хартија.

Генерација на грамофонски плочи
Генерација која собираше салфетки и албум со сликички.

Генерација која го гледаше тато како го поправа телевизорот и му помагаше додека местеше антена.

Генерација која имаше прави родители, а не странци.

Генерација која тивко се смееше пред спиење, како родителите не би знаеле дека сеуште сме будни.

Генерација која пиеше од исто шише и даваше гриз од своите училишни ужинки.
Генерација која излегуваше од игра, да се врати дома пред првиот мрак.

Генерација која доаѓаше кај своите пријатели ненајавено.

Генерација која секој ден се среќаваше без мобилен телефон на одредено место.

Генерација која ги поздравуваше сите што поминуваа, и стануваа во автобусот и им помагаше на старите лица.

Генерација која се качуваше на дрво и береше плодови кои растеа во маало.
Генерација на која беа поважни чувствата, а не парите или автомобилот.

Генерација која научи да се снаоѓа во секое време и во какви било услови преку својата сила.

Генерација која беше научена да сака.
Генерација која читаше книги, веднаш до ламбата под ќебето..

Генерација која поминува и за жал никогаш нема да се врати!!

Генерација која немаше ништо, а имаше се!!

Јас се гордеам со однесувањето на секое поле на нашите потомци моите пред се како мои ,а и вашите ,за разлика од најновите млади генерации задоени со електронско влијание на новото време….

Во многу работи тие се понапредни од нас можеби,електронски ама начинот на едноставна комуникација со сите е поинаква… Тоа е тоа ..Поздрав до сите од последната генерација на нешта кои се минато свршено време…и неповратно.

 

Пишува: Наум Илиески