На интернет е објавено е ново видео од убиството на Афроамериканецот, Рајшард Брукс (27) во Атланта.

Снимките од надзорната камера покажуваат дека Брукс се врти додека трча и веројатно со одземениот елелтричен шокер целел кон полицајците сè додека не им се свртел со грб, кога еден од нив го застрелал.

Брукс почина во болница.

Поради овој случај избувнаа немири откако падна марк во Атланта, каде во текот на денот, градоначалничката Киша Ленс Ботомс, соопшти дека ја прифатила оставката на началничката на полицијата Ерика Шилдс поради полициското убиство.