Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески.

По тој повод, на 13 февруари 2024 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржи Отворен поетски ден на кој ќе се одбележи 77-годишнината од постоењето на ДПМ со поетско читање и настап на повеќе македонски поети.

Тринаесетти февруари е најголемиот празник на македонските писатели, зашто Друштвото на писателите на Македонија е најстарата, најмасовната и најреномираната писателска асоцијација кај нас, велат од ДПМ.

Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат проф.д-р Васил Дрвошанов и проф.д-р Александар Прокопиев.