Изгоре лончето претече млекото или изгоре пак се како и вообичаено? Дегутантен РЕКВИЕМ на екипата зад дебелата дрвена кафеава врата, не само што можеш да ги возиш како сакаш и да ги наведуваш за да им го видиш паметот , оваа по милионити пат требаше да видиме на што се се спремни за да мислат дека така лесно и КОРОНА тајм ќе ја избрише меморијата на граѓаните и ќе им влее страв и паника.

Главниот кафанџија е тип што се затвора зад врати и зад кафански врати и таму бистри жта а мисли дека сите негови пајташи не го дриблаат , еве му класичен пример каде пак го наденаа на колец , се истрча дека демек , владата немала компас каде тера со Корона и дека биле не способни кадрите кои ја спасуваат оваа состојба. За жал а и брука ви потфрлија вашите дрпмне информатори . Па зашто мислиш дека се знаете , зашто ги тераш докториштата од комисијата ваша на нездравствени радници да се истрчуваат и место да зборуват за фелата и да дадат ако имаат а немаат добри совети да прават копрофагија и да стануваат експерти за географија и за информатика ?

Тормозот на граѓаните доаѓа токму од кај вас од вашата екипа из џипа , вашата анти ваксер , анти 4, 5 ,6 Г и тако даље. Можеби ќе прозвучам чудно што ќе пак прашам како и стално а одговор знам дека нема да добијам , зошто бе еднаш не одговоривте со единство кога имаме борба за животите на сите граѓани на оваа малецка државица туку пак и по кој знае кој пат вашите клетви , ситење и малограѓанство го покажувате отворено и крвнички , па дури и н на клетите шиптари и за нив вашите спремни гасните комори и се го правите отворено ама сега со Антикорона изјави и ѓаволска радост дека на нив им се случувало тоа. Патетично и навистина вашето лице е лице на нечовечност на срам и беда , дали вака размислувате и за вашите блиски или за не дај боже вашите деца? Вашата подвоеност и крвава жед за власт ја демонстрирате на нај лош можен начин, секаде е вашата симболика , повикувате на граѓанска непослушност на протести на што уште не , малце ви беше 27 Април па сега на се гледате на и по таков начин да решавате.

Не сакам политика ама гледам како вашите пиончиња молат за поврат на диктаторот ваш насушен и дури да не се изразам богохулно како да е месија или спасител , ако дошол се ќе решел и МаЌедоња ќе имала само 1000 заболени и ќе цветала економија , каде ? на Шпанско МаЌедонските скали или на Тријумфална капија каде ќе вработите баби со сунѓерчиња да гланцаат се што поминуе и оп ете приход или ќе прскавте со вода со авионите и хилихоптерите и ќе напишевте убави цифри за набава и оп ете приход , абе секоја ви чест , ви работи бојлерот ама склопката тешко. Ја нарекувате сопствената држава изолиран остров или ќе станела изолиран остров .. па со вас не бевме изолиран остров бевме изолирана планета и само за потсетување , Република Северна Македонија влезе во НАТО, отпочн преговори со Европа , зголеми плати на многу професионални профили , ве остави вас да работите и не направи МВРО ВМРО како што вие го имавте и сега пак е тоа истото, кое прави комотни услови за ширење на се и сешто не само на корона , епа сега по добар потсетник од овој краток , да не го вадиме големиот ќе плачете пак како по обичај.

Сакам да ве потсетам на една морбидна случка за која мислев дека никогаш повеќе не ќе се сеќевам на неа но овие случувања овие обвинувања, клетви , претења ме вратија во тоа време на таа крваава диктатура, памтам една госпоџа која носеше крст со име и презиме на политичар и која остана пак и после падот на режимот да ни ги воспитува децата , нема да констатирам само ви ја раскажувам голема болна вистина што е вашата заслуга и што повторно и во најтешкото време за нашиот народ воопшто за сите нас вие пак ја повторувате, ако тоа е вашиот придонес и вашиот електорат се срамам од сите вас.

Да имавте чувство за единство ќе побаравте да заеднички со раководствата решите голем број на проблеми но суетата и подвоените личности не ви дозволуваат да тоа го направите.

Пак си мислите на вашите лесно стекнати милиони пак и повторно го покажувате вашиот недостаток за национално единство а и разнебитување и создавање на паника во и кон сопствениот народ. И он ди енд на оваа тажна приказна која се вика бате бате не ме брани веќе пак не преебаа, че ви кажам една вистина , на ваков и по ваков начин не се добива власт , на ваков начин не се градат и создаваат одржливи системи и влијанија , на ваков начин не помагате на сопственијот народ , на ваков начин од инат се јаде вреќа сол а верувајте ми и нешто друго.

Однадвор сепак некој ја следи секоја ситуација а тоа е дека сето оваа досега што ни се случуваше со здравјето на нашите граѓани е нормално и согласно сите претпоставки и симулации на СЗО и на релевантни фактори а не на географи и луѓе кои не споредуваат со остров и со системска грашка а нивната грешка траеше 11 години и тоа на погрешни позиции. Верувам дека овој бран е минато и нашите граѓани ќе се здрави и живи и ќе почитуваат тоа , што е веќе култура , држете растојание , носете маска и дезинфицирајте ги рацете сега за сега тоа е нашето силно оружие со кое располага целиот свет не само “изолираното острово” .

Пс. Ајде убрзајте ја вакцината за Корона ама и онаа за вашето беснило.

 

Пишува: Конобарот од Боемска