Заминувањето во пензија на Џиџи Буфон и официјално ќе биде потврдено за време на викендот на мечот против Верона кога легендарниот голман ќе го одигра својот последен меч.

Улогата на прв голман на „старата дама“ од идната сезона ќе ја презеде полскиот интернационалец Војчех Шчезни,  но од раководството на италијанскиот првак се погрижија да му доведат жестока конкуренција.

Челниците на Јуве се договорија со чуварот на мрежата на Џенова, Матиа Перин кој ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона.