Младиот фудбалер на Аталанта, Андреа Риналди починал во болницата Варезе. На во петокот му се слошило и добил мозочен удар.

19-годишниот Риналди, кој е позајмен фудбалер на четвртолигашот Лењано, бил итно однесен во болницата во Варезе, каде што лекарите неколку дена се обидувале да му го спасат животот.

Риналди е еден од многуте млади фудбалери кои произлегле од младинската школа на Аталанта, а минатото лето беше позајмен на Имолезе во Серија Ц, пред позајмицата во Лењано, за кои имаше 23 настапи и еден постигнат гол.