На принцот Хари, кој со сопругата Меган Маркл пред четири години отиде во Калифорнија, наводно му се заканува депортација од САД, јавуваат странските медиуми.

Имено, визата на принцот Хари е на разгледување на судот бидејќи во своите мемоари „Spare“, кои ги објави минатата година, признал дека користел разни психоделици и дроги, пишува The Evening Standard. Бидејќи ова се информациите што апликантите мора да ги дадат кога аплицираат за виза, се претпоставува дека Хари не бил искрен.

Истрагата е покрената на иницијатива на организацијата „Херитиџ Фондацијата“, а тие навеле дека употребата на дрога може да биде причина за одбивањето на визата за САД. Тој во своите мемоари признал дека пробал кокаин уште додека бил малолетник, а подоцна консумирал марихуана како „волшебни“ печурки.

– Не беше забавно и не ме правеше особено среќен, како што правеше сè околу мене… но ме натера да се чувствувам поинаку, а тоа беше главната цел – рече тогаш Хари. Освен што му се укинува визата доколку судот утврди дека лажел во барањето, тој може да добие и парична казна.