Младиот вокал Филип Николоски, денеска го објави својот најнов ковер, преработка на песната „Невера“ од Никола Роквиќ.

Покрај прекрасниот глас, Филип одлично свири и на клавијатура, а во коверот за “Невера” како пратечки вокал се појавува Рубин Димкоски, кој свири и на бузука.

Коверот е снимен во Прилеп, на Могилата на непобедените во продукција на Фан продукција.

Пред извесен период Филип, на огромно задоволство на публиката ја издаде и својата прва песна “Тебе те нема” каде музиката и текстот е на Гоце Илиески, а аранжманот е дело на Рубин Димкоски.