По денешните објави во одредени портали, Александар Трајковски, кој беше споменат како еден од учесниците во масовна тепачка во Струмица преку својот ФБ профил ја информира јавноста дела не бил дел од таквите случувања.

“Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. 

Попатно распрашувајќи се за настаноѕ добив информации дека “нападнатите лица” од видео снимката не се само двајца, туку станува збор за 20 тина лица од с. Баница. 

Истите претходно извршиле напад врз вработени во казино со дрва, камења и ладно оружје. “ стои во објавата на Трајковски.

Претходно за настанот информираше и девојката која била жртва на нападнатите жители на с. Баница.

” После сите реакции од медиумите сметам дека јавно треба да се обратам. Жители од Баница ме нападнаа физички и вербално а во нив носеа секири и ножеви, зар тоа да го дозволиме да се случува во центарот на градот од хулигани кои шетаат со ладно оружје. Ги повикувам сите надлежни институции да застанат во одбрана на вистината. Зошто ако не го спречат тоа на време следни жртви на насилство ќе бидат нивни ќерки и синови.”