Блокадата на бугарската блокада од страна на Словачка и Чешка е принципиелен став кој поаѓа од тоа дека членството во Унијата не може да се користи како платформа за убиство на една нација, држава, јазик, култура, историја, на едно општество, на неговиот институционален поредок и легитимна власт. Да и се импутира на Европа килерски преседан. Во форма на примитивно копје на историјата на кое ќе се наденат два милиони луѓе и од нив ќе се направи ражниќ. Кои членката ќе го пече во Брисел. Хахаха. Тоа е, драги мои, но, има и една друга конкретност на која сакам да укажам: грозотијата на таа ражничарска амбиција добива дополнителна доза грозотија и се заканува со компромитација на Унијта, со фактот дека историското копје за геополитичките ражниќи, веќе било искомпромитирано и окрвавено во морална, политичка и историска смисла и внесено во Европската унија, користејки ги нејзините благородни намери и светли перспективи.

В чјом ета дела!?

Во ноќта меѓу 20 и 21 август 1968 година, Советскиот сојуз, Унгарија, Полска, Источна Германија и Бугарија, извршија инвазија на Чехословачката Социјалистичка Република, го сменија премиерот Дубчек, ја задушија Прашката пролет и го инсталираа Густав Хусак како нов фаворит на брежневскиот болшевизам во центарот на Европа. Заробија 20 милиони луѓе, морално ги смачкаа, културно ги обезличија и социјално ги уништија. И ги изведоа Јан и други Паласи на плоштадите со канчиња бензин и запалки.

Страшна епопеја која ги пробива значењата на 20 век и станува милениумски амблем.
Живков прати војници во Прага, Тито беше против тоа злосторство, Кате.
Тие 15 милиони се ослободија од болшевизмот односно од живата смрт, во две држави.

По повеќе,од 20 години страшно страдање.
Тие две држави, верувам и во името на своето историско сеќавање, сега станаат и рекоа дека ќе биде епски грев и вселенски цинизам, ако на државата која учествуваше во окупацијата на Чехословачка, односно и на Чепка и на Словачка, односно во поробувањето и во наметнувањето на нова историја на Чесите и Словаците, и се дозволи да тој “подвиг” што со помош на Варшавскиот пакт го направи врз овие два народа, сега го повтори врз Макединците и врз сите граѓани на Македонија со пмош на Европската унија!

Тоа е, драга Захариева.

На Чесите и на Словаците не можете да и продавате историски ражниќи од живо месо на крваво копје, а на Меркел туристички карактер на присуството во Македонија 41.
Да завршам: историјата можеме и треба да ја ревидираме и ослободуваме од вишоците патриотизам и волшебни интерпретации за форрмирање на кретенски нуклеуси во младите генерации, но не така што ќе ја злоупотребувате тааа идеја и ќе ја претвирате во средство за убиство на комшијата.

 

Пишува: Бранко Тричковски