Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека тоа што не реагирал во понеделникот по инцидентот со интервенцијата на полициските сили на собирот на Србите во Косовска Митровица, не значи дека е рамнодушен, туку дека сериозно ја сфаќа состојбата во Косово.

– Тоа го сфатив многу сериозно. Тоа беше чувствителна ситуација. За среќа немаше жртви. Тоа е добро, бидејќи можеше да биде и полошо, изјави Харадинај во интервју за приштинската телевизија КТВ.

Осврнувајќи се на критиките на некои косовски медиуми дека не се огласил по настаните во понеделникот, Харадинај изјави дека решил да молчи, затоа што тој ден „зборувале многу други“.

– Тоа (зборување) ги полни медиумите, но некој мора и да работи, нагласи Хардинај.