Младата 26-годишна Стаменка Трповска побара помош од своите Фејсбук пријатели за втора операција на нозете, која мора да ја направи во Србија.

На помош на скопјанката се јави Хрватот од Интер, Марсело Брозовиќ, кој ги уплати потребните 3.000 евра. На иницијативата за помош се приклучи еден балкански фан-клуб на италијански Интер, кој ја сподели објавата и побара од фановите помош за Македонката.

Фудбалерот на овој клуб, Марсело Брозовиќ кој очигледно ги следи пишувањата на навивачите од балканските простори, се јави во коментар на објавата и напиша: „Ајде провери ги пораките“, алудирајќи на апликацијата за собирање средства.

Брозовиќ со овој потег покажа огромна хуманост и ја исплати целата сума која беше потребна за операција на Стаменка.