Барселона не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите. На тренерот Чави, виновен за поразот и елиминацијата од ПСЖ му е судијата Иштван Ковач.

По поразот во првиот меч (2:3), ПСЖ ја победија Барселона на „Монжуик“ (4:1) и со тоа се пласираа во полуфиналето.

Чави доби црвен картон во 56. минута откако бесно шутна реклама во близина на теренот.

„Срамота, Лигата на шампионите за нас заврши поради судиската грешка“, изјави Чави.

Во 29. минута Ковач му покажа црвен картон и на Роналд Араухо.

„Само му кажав на судијата дека е катастрофа. Тоа е реалноста“, рече Чави и додаде:

„Следната година Барса ќе се обиде повторно. Имавме исклучителна сезона во Лига на шампионите. Мораме да ги контролираме деталите“.

ПСЖ во полуфиналето ќе игра против Борусија Дортмунд.