Новинари од повеќе медиумски куќи се собираат пред ЗНМ за да изразат поддршка кон претседателот на здружението, Насер Селмани, кој добивал закани по живот од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.

Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), рече дека синдикатот не прифаќа никакви осуди од страна на Владата, бидејќи Владата треба да делува и да го расчисти овој случај.

„Напад врз претседател на здружение на новинари е напад врз сите новинари во државата“, истакна Чаусидис.

Таа исто така подвлече дека нема две влади и оти обвинителството, без да чека, по службена должност веднаш треба да покрене постапка против Бекир Асани.

На денешниот протестен марш, новинарите ќе се упатат кон зградата на Владата каде ќе биде побарано на дело да се покажат заложбите за функционирање на секој сегмент на правната држава, заедно со слободата на говорот и интегритетот на новинарите.

Новинарите побараа и полициска заштита за претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.