И по 18 години можеме да се наежиме кога ќе се потсетиме на моментот кога Кометал стана европски шампион и кога ќе ги погледнеме снимките од таа незаборавна радост.

Во 2002-ра година, Македонија ја освои првата европска титула благодарение на женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров.

Истата година, Александар Митевски ја напиша „Кометал Шампионе“, која за брзо се претвори во химна на девојките од Кометал Ѓорче Петров.

Годинава, Александар и Дац решија да направат уште една, овојпат карантинска верзија на песната, за да „нè потсетат на убавите моменти и на девојките кои донесоа радост за сите нас“. А, покрај македонските музичари, во новиот спот се појавуваат и девојките од клубот.