Ја немавме таа среќа, #КОВИД19 кризата, да ја истуркаме без вмровски министри во Влада. Без ВМРО-ДПМНЕ, кои, секогаш кога се на власт или имаме режим, убиства, садизам, етнички конфликти, или војна. И, тежок криминал, секако.

Не, ја немавме таа среќа.

Во моментов, вмровци, на социјални мрежи работат на антиалбанска хистерија, шират говор на омраза кон сограѓаните Албанци, една морничава ситуација, која може многу лошо да ескалира.

ВМРО-ДПМНЕ не се огласува јавно да го спречи тој говор на омраза од нивни ,,труби”. Не, не. Молчат и гледаат.

Нивните ,,труби” се радуваат и распостилаат невиден сеир што Мухамед Зекири е позитивен на КОВИД19 со семејството.

Дечки, повнимателно со Мухи. Тој уште е политички коректен кон вас. Но, неговото влијание е многу големо кај албанскиот етникум кој го потценувате. Уште не се налутил да ве ,,исцеди” ко стара крпа за во ѓубре во пишани статуси. А, ќе се налути.

А, што друго прави ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци освен што брои мртви? Бројат и пари, секако.

Дали со секој еден мртов човек им се зголемува радоста во таа нивна опскурна бела мртва зграда, која е ,,замрзната” во случај на СЈО, затоа што само така им се одложуваат изборите кои не ги сакаат за месец дена, тоа ли е ,,грижа за здравјето на граѓаните”?

Само така им се одложуваат и процесите и затворот на куп вмровци.

Нивниот Наќе Чулев, од позиција на технички министер, веќе потроши 2 милиони евра за маски и опрема за полиција, со договори во 4 очи, без тендер. И не даде никаков отчет за тоа. Молк!

Ние не знаеме што овој човек троши, а дека не казнуваше групни собири за Бајрам – знаеме.

И сега имаме пораст на бројките на заразени.

Случајно⁉️

Мицкоски, а ти дали се откажа од 1,2 милиони евра кои како партија ги добивате од државна каса? Уште не се откажа? А, што, не ти се даваат?

Колку пари изброивте досега, Мицкоски?

Нема аир од тие пари, Мицкоски.

Да дополнам -од тие пусти пари, твој цитат.

 

Јорданка Ивановска  –  Јоци