НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена. Од управата на театарот најавуваат нова содржина за овој петок – овој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката.

Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 ч. од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица.

Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.