„Една невладина организација доби 60% од сумата којашто ја имаше побарано. Она што исто така нема да дозволам е да се извртуваат одредени детали, како на пример што беше во реакцијата на претседателот на комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ, дека се доделуваат пари за организација и учество на фестивал во Косово. И многу е интересно, што е тоа што тој не сакал да го спомене, а тоа е дека се работи за учество на пет театри на кои само им се покриваат патните трошоци за да учествуваат на овој фестивал, кадешто учествуваа и во 2023 година, учествуваат секоја година и секоја година министерството за култура им ги покрива патните трошоци“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска за Канал 5 телевизија.

Таа додаде она што стои во нивните реакции самата би можела да каже дека заеднички именител и содржател на сите им е културата и дека само така, со транспарентно работење, со објавување јавно кој е добитник, колкава сума добил, за каков проект се работи ќе можеме да го тргнеме она што тие ни го наметнаа 11 години, а тоа е дека нивниот патриотски дух се храни само и само со пари.

Министерката во однос на објавата на имињата на членовите рече дека ќе се направи тоа веднаш, меѓутоа најверојатно во прикачувањето на сите тие 3315 решенија, дошло до некој застој во работата.