Во аргентинскиот град Росарио на денешен ден е роден Ернесто Гевара во 1928.

Ернесто Че Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните друштва патувајќи по светот како Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот.

Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи, тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.

Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во нивната список на 100 највлијателни луѓе во светот во 20 век.[Прочуената фотографија Гевара, која ја направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесетиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд.

Убиен е на 9 ти октомври 9,1967 (возр. 39) во градот Ла Хигуера, Боливија.

Прочитајте дел од пораките кои го мотивирале славниот револуционер Ернесто Че Гевара да издржи во својата мисија…

„Попрво би умрел стоејќи, отколку да живеам живот на колена.“

„За да постигнете многу, мора прво да изгубите сè.“

„Револуцијата не е јаболко што паѓа кога е зрело. Морате да го натерате да падне.“

„Не ми е гајле ако паднам, сè додека има кој да ја подигне пушката и да продолжи да пука.“

„Суровите лидери се заменуваат, само за да дојдат нови и се претворат во сурови.“

„Дозволете му на светот да ве промени и ќе можете да го промените светот.“

„Мора да се урнат ѕидовите на образовниот систем. Образованието не смее да биде привилегија на децата на богатите.“

„Револуцијата не е портрет, таа е пејзаж.“

„Ако јас загубам, тоа не значи дека не требало оваа кауза да победи.“

„Јас не сум ослободител. Нема ослободители. Луѓето сами се ослободуваат.“

„Ако во тебе трепери огорченост од секоја неправда, тогаш ти си мој пријател.“

„Во моменти на голема опасност, лесно е да се даде моќен одговор за моралните мотиви, но за да се постигне ефектот, треба да биде изградено ново сознание, во кое вредностите се со нови приоритети.“

„За време на една револуција, човек или триумфира, или загинува.“

„Можеби звучи глупаво, но според мене, вистинскиот револуционер е воден од силно чувство на љубов.“

„Бидете реални, сонувајте за невозможното!“

„Омразата како воено средство е безусловна омраза кон непријателот, која те носи надвор од човековите ограничувања и те претвора во ефикасна, насилна, селективна и ладна машина за убивање.“

„Тажно е да немаш пријатели, но уште потажно е да немаш непријатели.“

„Не можеме да бидеме сигурни дека имаме нешто за кое вреди да живееме, доколку не сме подготвени да умреме за истото.“

„Јас сум авантурист, кој го ризикуваше својот живот за да ја докаже својата банална теза.“

„Јас не сум Христос, филантроп или стара дама, јас сум спротивното на Христос… Попрво би се борел со сите оружја што ми се на располагање за работите во кои верувам, отколку да дозволам да бидам прикован на крст или каде било.“

„Нема граници во оваа борба до смрт. Ние не можеме да бидеме рамнодушни кон она што се случува насекаде во светот, победата од која било земја во време на империјализам е наша победа, а секој пораз на која било држава е пораз за сите нас.“

„Мора да се бориме секојдневно за нашата љубов кон човештвото да стане реалност.“

„Ние треба да ја пренесеме војната насекаде, каде што е непријателот – во неговиот дом, во неговите забавни центри, треба да му објавиме тотална војна. Не треба да му оставиме ни момент спокој, ни миг во или надвор од барикадата. Треба да напаѓаме секаде каде што е тој и да го натераме да се чувствува како ѕвер, притиснат во аголот. Тогаш неговата издржливост ќе почне да се намалува, а ние ќе почувствуваме како почнуваат да исчезнуваат сите знаци на слабост.“

„Ако сметате дека она што го правиме во интерес на народот претставува манифестација на комунизам, тогаш викајте не комунисти. Ако се прашувате дали сум член на „Partido Socialista Popular (популарна социјалистичка партија), одговорот е НЕ.“

„Знам дека си дошол да ме убиеш. Стрелај плашливецу, ќе убиеш само човек.“ (Че Гевара кон неговиот убиец)

Повеќе за ставовите на Че, дознајте од неговиот дневник, кој го пишувал додека живеел на планините во Боливија, а кој од неодамна е достапен и на интернет.

Насловната фотографија е дело на македонскиот дизајнер и уметмик, Зоран Кардула.